ВМРО-ДПМНЕ: Десетици притворени наместо со своите семејства Новата Година ја поминаа во ладни ќелии

by fokus

Десетици неосновано притворени граѓани наместо со своите семејства Новата Година ја поминаа во ладни ќелии, велат во партиското соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и реагираат на продолжениот притвор на осомничени за насилствата во Собранието од 27 април.

Од партијата велат дека притворените се „жртви на политички прогон, кои ја чувствуваат инквизицијата на 21 век на сопствена кожа“.

„Притворените граѓани се лишени од загарантираните човекови права, а постапката против нив е противзаконска и неоснована уште од самиот почеток. Непочитувањето на законите при нивното притворање, го потврди и народниот правобранител. Факт кој остана премолчен од ОЈО и судот“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму бараат од судот да ги „согледа правните аргументи и фактичката состојба“ и да ги укине притворите.

Поврзани новости