Рекорден број на убиства во Мексико, секој час по четворица убиени

by fokus

Во Мексико минатата година извршени се 34.582 убиства, најмногу од 1997 година, кога почна да се води таква статистика, соопшти полицијата.

Тоа значи дека просечно се случувале по 95 убиства на ден или четири на час, што е за 2,5 проценти повеќе од минатата година.

Мексико брои 126 милиони жители, а проблемот со убиствата се влошува од 2006 година, кога зајакна борбата против трговијата со дрога, во која е вклучена и армијата.

Од 2006 година убиени се речиси 275.000 луѓе во Мексико. МИА

Поврзани новости