Четврти смртен случај од корона вирусот во Кина

by fokus

Четврто лице почина од новиот тип коронавирус во Кина, соопштија локалните власти утрово. Во Вухан, каде беше регистриран и првиот случај, почина 89-годишник. Инфицирани се повеќе од 200 луѓе.

Здравствените власти во Кина соопштија вчера дека епидемијата се шири од човек на човек, што зголемува можност инфекцијата да се шири побрзо и на поголемо подрачје.

Светската здравствена организација (СЗО) за в среда свика вонреден состанок за да процени дали треба да прогласи меѓународна вонредна состојба поради појавата на новиот вирус во Кина.

Агенцијата на ОН го најави состанокот откако експертите потврдија дека корона вирусот може да се пренесе од човек а човек.

Комитетот за вонредни состојби на СЗО може да издаде препораки за здравствена политика в среда и да повика на меѓународни мерки за објавување глобална вонредна состојба, соработка и финансирање во борба против вирусот.

Стручниот тим на Националната здравствена комисија на Кина потврди дека е регистриран пренос на новиот корона вирус од човек на човек и дека е заразен медицински персонал, јави кинеската државна новинска агенција Синхуа. Болеста има симптоми што наликуваат на воспаление на белите дробови, вклучително и зголемена температура и проблеми со дишењето.

Поврзани новости