Разрешена директорката на ЦЈЗ Велес која на вработена и викаше – Гуско една!

by fokus

По седум месеци на функција директорка на Центар за јавно здравје Велес, д-р Анастасија Иванова е разрешена, а на нејзино место доаѓа д-р Весна Николовска Неделкова.

Од наши извори дознаваме дека причина за разрешувањето на Иванова се нарушените односи со останатите вработени во институцијата, но и нарушувањето на угледот на истата.

Имено, набргу откако беше именувана за директорка, Иванова се најде во центарот на вниманието на јавноста со скандалозна аудио снимка, на која се слуша како и се обраќа на една од вработените со зборовите – Не ме почитуваш гуско една! Тужи колку сакаш, кој ќе ти биде сведок?

По објавата на снимката, Иванова до регионален електронски медиум во Велес достави демант, во кој ги подучуваше новинарите како се пишува новинарски текст, и дека погрешно ја разбрале содржината од аудио снимката.

Исто така,појаснуваше дека снимката била направена со месеци пред таа да стане директорка.

Д-р Весна Николовска Неделкова која доаѓа на нејзино место е специјалист по интерна медицина, а исто така беше и портпарол на велешката болница.

Вики Клинчарова

Поврзани новости