Рауфи: Обвинетите немале умисла да го убијат Саздо, тоа било класичен напад

by Fokus

Одбраната на обвинетите во случајот „Саздовски” и обвинителот Јован Стефановски од Вишото ЈО – Скопје, денеска во Апелацискиот суд Скопје ги образложија своите жалби по однос на првостепената пресуда.

Бранителот на првообвинетиот Бесир Бела, адвокат Насер Рауфи во објаснување на поднесената жалба истакна дека обвинетите на денот на настанот немале план за тоа што се случило.

– Немале умисла. Се работи за класичен напад од три лица и тука е сторено кривично дело „насилство”. После настанот и смртта на оштетениот се случија протести, имаше мешање на еден парламентарец. После овие случувања предметот се смени за 360 степени, рече адвокат Рауфи и додаде дека свирепоста напишана во пресудата е субјективна.

Обвинителот од Вишото ЈО-Скопје, Јован Стефановски, во своето излагање кратко посочи дека жалбите на одбраната треба да се одбијат. Тој воедно рече дека предлог на Вишото ЈО-Скопје е да се потврди одлуката на првостепениот суд по овој предмет.

Поврзани новости