Арсовски: Братот на пратеникот Диме Велковски добил грантови од 200.000 евра од Димова

by Фокус

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, со која директорува Лидија Димова, доделила 125.000 евра од Еразмус+ програмата на братот на пратеникот Диме Велковски, за проектот „Избери сирење”, соопшти денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, откако претходно беше обелоденето дека братот на овој пратеник од Агенцијата со која раководи Димова добил 83.000 евра за обука за дресура на магариња.

-Поставуваме дилема и прашање, како е можно овие два проекта во вредност од над 200.000 евра европски пари, Лидија Димова да ги додели токму кај братот на пратеникот од СДСМ Диме Велковски, токму пред парламентарните избори? Бараме јавно да се објави од страна на Диме Велковски и од Лидија Димова, на кој начин се трошеле и каде завршиле над 200.000 евра, односно во чии џебови завршиле парите – изјави Арсовски.

Тој побара Димова да поднесе оставка поради, како што рече, скандалозното однесување и работење.

Поврзани новости