Путин: Мислеа дека ќе се распаднеме за еден месец, ама економијата ни е уште посилна

by Fokus

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека постоењето на Русија како земја зависи од војната во Украина.

Обраќајќи им се на работниците во фабриката за авиони, Путин ги повтори тврдењата дека Западот е подготвен да ја уништи Русија. Тој претходно го обвини Западот дека ја користи Украина како средство за нанесување „стратешки пораз“ на Русија, пишува Sky News.

„Значи, за нас тоа не е геополитичка задача, туку задача за опстанок на руската државност, создавање услови за идниот развој на земјата и нашите деца“, нагласи рускиот лидер.

Тој тврди дека руската економија зајакнала по воведувањето на санкциите. Го поздрави, како што рече, новооткриениот „економски суверенитет“ и рече дека руските финансиски системи се подобри и покрај очекувањата на Западот дека ќе пропаднат.

„Се испостави, за многумина од нас, а уште повеќе за западните земји, дека темелите на стабилноста на Русија се многу поцврсти отколку што некој мислеше“, им рече тој на работниците во фабриката за производство на хеликоптери.

„Ние многукратно го зголемивме нашиот економски суверенитет. Впрочем, на што сметаше нашиот непријател? Дека ќе пропаднеме за две до три недели или за еден месец“, рече Путин.

Поврзани новости