Путин: Доларот се користи како инструмент за политичка борба

by Fokus

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во глобалниот финансиски сектор доларот се користи како инструмент за политичка борба.

Соодветната изјава рускиот лидер ја даде за време на средбата со шефицата на Новата развојна банка – БРИКС, Дилма Русеф.

Путин истакна дека е важно да се развие оваа финансиска институција – БРИКС.

– Во денешни услови тоа не е лесно да се направи, со оглед на она што се случува во глобалните финансии и користењето на доларот како инструмент на политичка борба – рече рускиот лидер.

Поврзани новости