Жителите на Слупчане оштетија трафостаница – без струја се и 6 околни села

by Fokus

Без струја останаа жителите на липковското село Слупчане, но без струја се и селата Оризари, Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце, информираа денеска од ЕВН, укажувајќи дека жителите на Слупчане предизвикале дефект од поголеми размери.

– Липковското село Слупчане и околните Оризари, Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце сè уште се соочуваат со прекин во снабдувањето поради сериозен дефект – велат од ЕВН Македонија.

Од компанијата потсетуваат дека пред неколку недели имаше сличен дефект кога жителите на ова село манипулираа со енергетски објект и оставија неколку села од липковско без електрична енергија.

Од компанијата велат дека додека не се гарантира безбедноста на вработените на електродистрибуција, нема да ги извршуваат работните задачи, вклучително и отстранување на дефектите.

Жителите на Слупчане доставија 13 барања меѓу бараат да им се простат досегашни долгови кои, како што наведуваат од компанијата изнесуваат по неколку илјади евра, да добијат бесплатни нови приклучоци, без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3.000 денари, верските објекти да бидат ослободени од плаќање…

Од ЕВН велат загубите во Слупчане се 80 проценти, а наплатата само 20 отсто.

Поврзани новости