Пуштени црни балони за холкаустот врз Ромите, Спасовски порача дека не смее да биде заборавен

by Frosina Fakova

Холокаустот врз Ромите не смее да остане заборавен како што го нарекуват заборавениот холокауст, наша политичка и морална должност е да ја сочуваме вистината за холокаустот и неговите жртви, Евреи, Роми, Словени и сите други народи никогаш да не бидат заборавени. Да ја сочуваме вистината за холокаустот и неговите жртви, истакна претседателот на Владата Оливер Спасовски на Комеморацијата по повод сеќавањето на жртвите од геноцидот на Ромите во рамки на Втората светска војна – 2 Август што се одржа на платото пред Музејот на холокаустот на Евреите од Македонија.

Според него, непризнавањето на криминалот кој се случил тогаш се одразува врз долгорочната дискриминација на ромското население во Европа.Соодветното признавање на третманот на Ромите во минатото е од суштинско значење не само за да се обезбеди правда и достоинство на оние кои умреле туку, вели, и за соочување со антиромскиот говор и негово трајно отстранување. Активностите на Владата на Северна Македонија покрај политиките на планот на сеќавањето , образованието и истражувањето на холокаустот вклуичуваат и мерки во борба против атисемитизмот, против негирањето и против обидите за искривено толкување на холокаустот дискриминацијата, говорот на омраза расизмот и другите форми на кршење на човековите права.

Музафер Бајрам министер без ресор задолжен за спроведување на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите, на денешното четврто по ред одбележување на геоцидот над Ромите истакна дека во овој прогон што се случи во Втората светска војна уништена е и една третина од нивното национално ткиво.

Церемонијата започна со едноминутно молчење во чест на жртвите Роми од холокаустот, а заврши со симболично пуштање црни балони.

Поврзани новости