Протест пред владата против францускиот предлог

by Fokus

Стотина граѓани вечерва се собраа пред зградата на Владата на РСМ, на протест против „францускиот предлог“ за решавање на спорот со Бугарија и почнување преговори на земјава за членство во ЕУ.

Граѓаните собрани пред владата велат дека „во ниеден случај не смее да биде прифатен овој предлог од Франција“.

Од Владата досега немаше конкретен коментар околу предлогот на француското претседателство со ЕУ, а премиерот Димитар Ковачевски и денеска рече дека „Владата на Република Северна Македонија формално нема добиено предлог кој е усогласен на ниво на сите 27 земји-членки“.

Фото: Телма

Поврзани новости