Пронајдени двете сестрички кои нивниот татко вчера ги пријави за исчезнати

by fokus

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека попладнево биле пронајдени две сестрички на возраст од 14 и 13 години, кои вчера излегле од дома, но не се вратиле.

„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени мерки од страна на полициски службеници се пронајдени С.К(14) и Т.К. (13), за кои вчера (21.12.2018) во Полициската станица Бит Пазар нивниот татко М.К(36) пријави дека се оддалечиле во непознат правец“, информираа вечерва од Министерството.

Вчера нивниот татко го пријави нивното исчезнување во полициска станица.

„На 21.12.2018 год. Во Полициската станица Бит Пазар М.К. (36) пријавил дека неговите ќерки С.К(14) и Т.К. (13) се оддалечиле во непознат правец. Се преземаат мерки за нивно пронаоѓање“, соопштија од МВР.

Поврзани новости