Прободен е началникот на струшката полиција, напаѓачот е 44-годишен жител на село Велешта

by Fokus

Жител на струшкото село Велешта е приведен откако денеска попладнето го нападнал со нож началникот на Полициската станица – Струга, јави дописничката на МИА. Информацијата е потврдена и од СВР-Охрид.

„Околу 19 часот во Струга од полициски службеници од ОВР Струга е лишен од слобода С.Н. (44) од струшкото село Велешта, затоа што денеска околу 17:30 часот на улицата ’Ристо Крле‘ во Струга со остар предмет го нападнал А.Д.(46) од Струга“ – изјави портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски.

Повредениот е пренесен во струшката болница каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Против напаѓачот, во координација со јавниот обвинител, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, рече Димоски.

Поврзани новости