Двајца загинати по скок од зграда поради пожар

by Fokus

Две лица загинаа денеска во Берлин откако скокнале од зграда за да се спасат од пожарот, соопштија пожарникарите.

Пожарот избувнал на десеттиот кат од 12-катна станбена зграда во областа Кројцберг, во Берлин.

Неколку лица се спасени, а две лица кои скокнале починале на лице место и покрај обидите за реанимација.

Други детали засега не се познати.

Пожарот, чија причина не е позната, е целосно изгаснат.

Поврзани новости