Во Куманово изутринава се пука. Во престрелки меѓу полицијата и криминална банда, се јавува и за повредени. Во кумановската населба Диво насеље, полицијата на граѓаните не им дозволува да излезат од домовите, поради нивна сигурност.
Се уште нема официјални информации од МВР за што точно станува збор.
- Advertisements -
Во моментов ситуацијата е смирена, но напната.
Вчера Фокус јави дека група од 15 тина лица од Косово и Прешево, криминалци навлегле на територијата на Македонија со намера да предизвикаат инциденти.