МВР: Граѓаните да останат мирни

by Фокус 08:36
08:36

МВР презема мерки за разбивање на вооружена група во кумановската „Дива населба“, потврди за МИА портпаролот на МВР Иво Котевски. Акцијата, која се одвива по претходно добиени оперативни сознанија дека во тој дел од градот има вооружена група, се уште трае.

Од МВР апелираат граѓаните да останат мирни. Од итна помош информираат дека имаат две екипи на терен во тој дел од градот, но и тие немаат детални информации за евентуални повредени лица.

- Advertisements -

 

Поврзани новости