Ципрас: Преспанскиот договор има цврсти темели, сите ќе ги убедиме во позитивните придобивки

by Фокус

Преку спроведување на Преспанскиот договор и негување на клима на заемна доверба меѓу државите и луѓето, како и преку упорноста во кородинирањето на активностите, ќе ги увериме сите од позитивните резултати од овој договор, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас, одговарајќи на новинарски прашања.

-Кога ќе ги зголемиме финансиските трансакции и ќе креиираме работни места, кога ќе го зголемиме бројот на туристи и ќе промовираме инфраструктурни проекти, сите ќе почнат да сфаќаат каква штета е предизвикана изминатите децении кога не можевме да седнеме заедно и да ги решиме нашите проблеми – рече Ципрас.

За таа цел, додаде тој, ќе се формира комитет кој ќе дискутира за специфичните прашања, како што се образованието и археолошките прашања, што, според него, е важен чекор кон зацврстување на довербата.

-Договорот предвидува да се избришат сите иредентистички пристапи, акти и овие чекори ќе докажат одредени нешта. Спомениците од Античка Македонија и специфичното распоредување и обележување ќе означи дека се дел од античката култура, што всушност е светска култура – истакна грчкиот премиер.

Тој порача дека конфронтациите во демократски општества се неопходни, меѓутоа воедно порача дека демократите мора да ги почитуваат правилата и регулативите, алудирајќи на преспанскиот договор ратификуван од грчкиот парламент.

-Овие договори се активни засекогаш, освен ако самите граѓани одлучат дека некој договор не им од корист. Но, како ќе минува времето, народите ќе сфатат дека државите имаат корист, инвестираме иднина, пишуваме историја. Овој историски договор има цврсти темели – рече Ципрас.

Поврзани новости