Премиерите од Западен Балкан денеска на состанок со Хан во Сараево

by fokus

Премиерите на земјите од Западен Балкан денеска ќе одржат состанок во Сараево, чија цел е приближување на овие земји кон Европската унија и разговор за регионалните проекти кои се однесуваат на транспортната и енергетската инфраструктура, како и соработката во областа на младите и образованието.

На состанокот ќе учествуваат премиерите на Македонија, Србија, Црна Гора и Косово. Дел од состанокот ќе биде и еврокомесарот Јоханес Хан, како и претставник на Италија, земја домаќин на самитот на земјите од Западен Балкан што во јули годинава ќе се одржи во Трст.

Поврзани новости