Апелацијa: Денеска ќе биде донесена одлука за притворот на Сеад Кочан

by fokus 13:28
13:28

Апелацискиот суд денеска ќе одлучи дали бизнисменот Сеад Кочан ќе оди во притвор или ќе го укине решението на Кривичниот совет. Судијата Сафет Кадриу, за „Фокус“ изјави дека одлуката ќе биде донесена во текот на денешниот ден.

Во Законот за кривична постапка, во член 169, став 4 стои дека „советот што одлучува по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа“, но не е наведено од кога тече рокот, дали од поднесувањето на жалбата, или по одржувањето на седницата, поради што секој го толкува како му одговара. Затоа судијата Кадриу ни прецизираше дека денеска одлуката ќе биде позната.

Обвинителите на СЈО и одбраната на осомничениот бизнисмен Кочан, вчера ги соочија аргументите, на јавната седница во Апелациониот суд.

Кочан се уште никој не знае каде е, а меѓународната потерница е распишана веќе пред шест дена.

Неговиот адвокат, тврди дека Кочан е слободен човек и и не е во бегство, туку бил на службен пат. Адвокатот Додевски вели дека Кочан заминал од земјава пред да се издаде наредба за притвор, а дека прашањето, каде е бизнисменот и кога ќе се врати, било ирелевантно.

Од СЈО пак, тврдат дека Кочан ја напиштил Македонија веднаш по издавањето на решението за негово притворање. Кочан е главен осомничен во нивниот случај „Труст” во кој се терети дека со фалсификувани документи наместил тендер од ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

Од СЈО велат дека самото тоа што Кочан го нема скоро цела недела, е доволен аргумент за нивното барање за притвор. Дополнително од СЈО  велат и дека предупредиле дека ќе има и интервенција во документацијата.

Тим од тројца судии во Апелациониот суд, Јани Нича, Лилјана Шопова и Африм Фидани, на јавната седница ги ислушаа аргументите за и контра притворот за Кочан. Сега треба да донесат конечна одлука дали притворот ќе биде потврден или поништен.

В.В.

Поврзани новости