Пратенците пристигнаа на судење, Бетмен Велит не се чувствува изневерено: Сите сме ние браќа!

by fokus

Обвинетите за 27 парил пристигнаа денеска во Кривичниот суд каде продолжува судењето за упадот во Собранието. Обвинетите пратеници беа нерасположени да даваат изјави за медиумите, па поголемиот дел влегоа во судот без коментар.

Единствено пратеникот Љубен Арнаудов застана пред камерите да демантира дека му бил понуден поткуп да гласа за отворање на Уставот. Арнаудов рече дека гласал по свое убедување и дека никој не му се заканува, а на прашањето зошто тогаш пратениците се под 24-часовна полициска заштита, тој одговори дека тоа е по службена должност.

Арнаудов додаде дека очекува правично судење за обвинението кое му се става на товар.

Од обвинетите кратка изјава даде и Богдан Илиевски – Бетмен Велит, кој рече дека не се чувствува изневерено по гласањето во Собрание.

-Сите сме ние браќа – рече тој.

Обвинетиот Мумир Пепиќ, пак, ги избегна новинарите велејќи дека ништо не знае затоа што дома нема ниту струја ниту телевизија.

Поврзани новости