Од денеска протести пред Собранието против промена на уставното име

by fokus

Противници на промена на уставното име денеска ќе се соберат пред Собранието во знак на протест откако со двотретинско мнозинство во петокот беше изгласана иницијативата за измени во Уставот.

Протестот е најавен на социјалните мрежи под мотото „Борбата за Македонија започнува!“

Како што велат организаторите протестот ќе започне во 16 часот, а може и подоцна.

„Собирот започнува во 16.00, односно кога ќе можат повеќето после работа, и 17.00, небитно кога, а трае до 21, не е ограничено точно време“, стои во најавата.

Претходно на масовен граѓански отпор повикаа и од партијата Левица. Од таму исто така најавија организирање протести пред Собранието во сите фази од носење на уставните измени.

Поврзани новости