Пратениците попладнево ќе расправаат за потпретседателите на Собранието

by Fokus

Собранието денеска попладне се очекува да ја продолжи седницата на која ќе се расправа за предлог-одлуката за потпретседателите на Парламентот.

Предлог-одлуката за петмина потпретседатели ја поднесе претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој на денешната средба со новинарите кажа дека на координативната средба пратеничките групи се согласиле да продолжи оваа седница. До завршување на расправата, како што појасни Џафери, пратениците може да поднесат амандаман за промена на оваа одлука а тој како предлагач да се изјасни за неа.

Според Деловникот, опозицијата има едно потпретседателско место, две предлага Комисијата за избори, а другите две се на мнозинството.

Поврзани новости