НАТО ја започнува мисијата „Источна стража“

by vlatko 21:11
21:11

НАТО денес започнува нова мисија за зајакнување на одбраната на источниот крило на Европа како одговор на руските упади на беспилотни летала во полскиот воздушен простор претходно оваа недела, изјави генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте.

Руте објави дека операцијата, наречена „Источна стража“, ќе започне вечерва и ќе вклучува воздушни и копнени бази.

Зборувајќи за упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор, Руте рече дека „тоа е неодговорно и неприфатливо“.

-Не можеме да дозволиме руски беспилотни летала да влезат во сојузничкиот воздушен простор – рече Руте.

Според него, досега Данска, Франција, Обединетото Кралство и Германија се обврзале на мисијата, а други земји-членки на НАТО ќе се приклучат.

Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО за Европа, Алексус Гринкевич, изјави дека НАТО ќе ја брани секоја педа од територијата на своите земји-членки.

-Полска и граѓаните низ Алијансата треба да бидат уверени во нашиот брз одговор претходно оваа недела и во нашето значајно соопштение денес – рече Гринкевич.

Слични вести