Пожар во болница во Јужна Кореја, над 40 луѓе загинаа

by fokus

Најмалку 40 лица загинаa, а десетина се повредени во пожар кој утринава изби во болница во Јужна Кореја. Се уште трае извлекувањето на жртвите, а локалните пожарникари очекуваат бројката на загинати во текот на денот да се зголемува.

Пожарот се случил на првиот кат во болницата Седжонг, во југоисточниот град Мирјанг, во собата за итни случаи на одделението за кардиологија. Од болницата се евакуирани над 200 пациенти и здравствен персонал, а најголем број жртви имало на првиот и вториот смрат.

Станува збор за најсмртоносниот пожар во Јужна Кореја во последните десет години. Се уште не се утврдени причините.

Поврзани новости