Пожар избувнал синоќа во Неуромедика

by fokus

Во машинското одделение на приватната болница Неуромедика на улица „Јордан Мијалков“ утринава избил пожар, поради што интервенирала  Противпожарната бигада на Град Скопје. Од таму велат дека пожарот избувнал околу 2,53 часот по полноќ.

Пожарникарите интервенирале на терен до 4,15 часот изутринава.

Според првичните информации од Пожарна, опожарени се 10 метри квадратни, а материјалната штета сѐ уште не е утврдена. На терен било интервенирано со две возила и пет пожарникари.

Поврзани новости