СДСМ го советува ВМРО-ДПМНЕ да си го прочита Договорот

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ да си го прочита договорот, Македонија не се брише, а македонскиот идентитет ќе биде признаен од целиот свет, велат од владејачката партија СДСМ.

Од таму додаваат дека во Член 1 од Договорот, којшто е јавно достапен за секој граѓанин, јасно стои дека државјанството е „македонско“, а официјален јазик е „македонски јазик“.

„Во Договорот е појаснето значењето на терминот „македонски“ и се додава дека нема на кој било начин да се поткопа, измени или влијае на употребата од страна на граѓаните. Македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската иднина се обезбедени еднаш засекогаш. Македонскиот јазик станува еден од јазиците на НАТО, а по влезот на Македонија во ЕУ, ќе биде дел и од јазиците на Европската унија. Што е тоа што на ВМРО-ДПМНЕ му пречи со признавањето на македонскиот идентитет од целиот свет?“, соопштија од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.

Поврзани новости