Поведена постапка за две лица кај кои е пронајдена дрога

by fokus

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка за две лица поради постоење основано сомнение дека сториле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Како што соопшти Јавното обвинителство осомничените на 18 јули годинава неовластено заради продажба пренесувале 47.745,00 грама наркотична дрога марихуана спакувана во 48 пакувања и 49,68 грама наркотична дрога кокаин.

-Дрогата ја ставиле во возило „форд ц  макс“  кое било управувано од  53-годишниот осомничен стружанец. Пред него, на растојание од 200 метри, во возило „фиат пунто“ се движел второосомничениот 31годишен негов сограѓанин. Тие движејќи се  од Свети Наум кон Охрид, биле во постојана телефонска комуникација, со цел  осомничениот во првото возило да го извести соизвршителот  доколку има полиција на патот. Ваква дојава била направена кога возачот на фиат пунтото бил сопрен од полицијата. По веста за полициската патрола осомничениот во второто возило се дал во бегство во пределот на месноста Рача, но бил сопрен и приведен од полициските службеници, појаснуваат од Јавното обвинителство.

Со цел обезбедување на  натамошно непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител, кој постапува во предметот до судијата на претходна постапка во Основниот суд Охрид достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените.​

Поврзани новости