Зоран Заев, главата на политичко-медиумско-судско-криминален октопод нема веќе морално право да говори за закони и да предлага решенија, порачаа денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
Случајот „Рекет“ од ден во ден добива нова криминална димензија, а сѐ погласни се гласините дека во него се вмешани и други високи функционери од власта. Кики и Фрики од рекетарската приказна објавена во медиумите сѐ уште се на слобода, а Заев ги крие велејќи дека не постоеле. Никој во Македонија не верува дека ваков криминален октопод може да постои без знаење на Заев. Уште помалку граѓаните веруваат дека човекот кој три пати е амнестиран за криминал, Зоран Заев не е вмешан во оваа рекетарска афера. Катица Јанева веќе 5 ден по ред ја нема никаде, а само ден откако се обелодени овој рекетарски политичко-судско-медиумски октопод таа замина на боледување. Никој во Македонија повеќе не ѝ верува на Јанева. Надлежните мора да истражат и да испитаат дали таа го фалсификува и злоупотребува своето боледување. Дали таа зема плата за да седи дома? Вистината за случајот Рекет мора да се обелодени. Јавноста мора да знае како Катица Јанева е вмешана во овој криминално рекетарски случај. СДСМ ја погреба правната држава, СЈО, Рускоска обвинителството и Кацарска судството ја урнисаа надежта дека во Република Македонија може да има правда со Заев на власт, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.