Пороен дожд во Загреб, поплавени улици и паднати дрвја

by fokus

Попладнево пороен дожд предизвика проблеми во источниот дел на Загреб, соопшти цивилната заштита.

Поплавени се улици и подрумски простории, а неколку дрвја паднаа врз паркирани возила и објекти, јавија загрепски медиуми.

Околу 50 граѓани побараа интервенција на пожарникари и комуналните служби.

Поврзани новости