Помошникот-министер што го набави мерцедесот од 600.000 евра добил отказ

by fokus

Поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски кој го набави луксузниот „мерцедес“ доби отказ од МВР, објави 24 Вести.

Според полициски извори, Поповски добил отказно решение по поведена дисциплинска постапка поради бројни злоупотреби на службената положба изминатите години.

-По доставен предлог за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на Ѓ.П. се спроведе дисциплинска постапка во која е утврдено дека именуваниот сторил кршење на работниот ред и дисциплина, на начин што постапил спротивно на член 208 став 1 точка 10 и 11 од Колективниот договор на МВР, односно не ги извршувал или несовесно и ненавремено ги извршувал работните обврски и постапил спротивно на правилата и прописите – велат од МВР.

Поврзани новости