Ќе се протестира против промена на името за време на посетата на Нимиц

by fokus

Движењето „Единствениот македонски пат“ најави дека утре во 17 ќе организира протест  против промена на името, и како што велат, нелегитимните капитулантски спогодби и преговори.

Организаторите велат дека ќе испратат директна порака до медијаторот Метју Нимиц да се повлече од позицијата за посредување на спорот со името, проблем што го оценуваат како наметнат, крајно асиметричен и апсурден.

Протестот се поклопува со утрешната посета на медијаторот Нимиц во Македонија каде се очекува да оствари средби со државниот врв.

Поврзани новости