Полицијата се подновила со 8.000 пара чевли со тенок ѓон

by fokus

Во магацинот на Министерството за внатрешни работи деновиве пристигнале 8.000 пара чевли со тенок ѓон од италијанскиот производите „Гриспорт“. Вкупната вредност на набавката на чевлите со тенок ѓон изнесува 25.520.000 денари без ДДВ, соопшти денеска МВР.

Од Министерството за внатрешни работи информираат преку „Гриспорт“ реализираат набавка и на 10.000 пара чевли со дебел ѓон, со вредност од 37.000.000 денари без ДДВ, како и 10.000 пара полувисоки чевли, набавени преку производителот „Дермал“ од БиХ, со вредност од 42.800.000 денари без ДДВ. Испораката на таа опрема се очекува да биде реализирана во наредниот период. Наскоро се очекува испораката и на 2.330 флуоросцентни елеци, 8.000 маици, 8.000 виндјакни, 20.000 кошули…

 

Поврзани новости