Полицајци во Хрватска при увид украле пари од банкомат

by fokus

Двајца полицајци отишле на увид на ограбен банкомат во хрватскиот град Пореч на полуостровот Истра, па го искористиле мигот за да украдат од парите кои останале по кражба.

Портпаролката на полицијата потврди дека двајцата полицајци се уапсени и осомничени за кражба.

Според полициските податоци, полицајците не учествувале во обивањето на банкоматот, туку извршиле втора кражба, откако претходните крадци побегнале.

Поврзани новости