„Политичарите да си го исчистат ѓубрето, затоа што пред избори ќе ги поклопи“, рекоа еко-активистите пред Дрисла

by fokus

Еко-активистите од движењето „За чист воздух“ и група на граѓани, денеска одржаа краток протест пред депонијата Дрисла, поради енормното загадување на воздухот во Скопје во изминатите неколку месеци.

„Ова е еден од најсериозните проблеми за Скопје и цела држава. Дојдовме како една натпартиска заедница во име на движењето „За чист воздух“, да дадеме глас, да побараме промени, што се однесува до отпадот и да дојдеме до еден притисок да се случи раскинување со италијанскиот партнер. Најголемиот проблем е тоа што во оваа депонија се гори секаков вид на ѓубре“, велат Тони Никушевски од „За чист воздух“.

Драги Змијанац од детската амбасада „Меѓаши“, упати неколку прашања кон надлежните органи.

„Сакаме да прашаме, што се гори во печките на Дрисла, дали тој отпад се декларира како отпад, дали имаат соодветни филтри. Што преземаат државните органи за санкционирање. Има ли ноќни и ненајавени смени“, истакна Змијанац.

Поврзани новости