Споменик на Горан Стефановски ќе биде поставен спроти ресторанот „Идадија“ во Дебар Маало

by fokus

На триаголниот парк во Дебар Маало, спроти ресторанот „Идадија“ ќе биде поставено спомен обележје посветено на македонскиот драмски писател, Горан Стефановски, кој почина на 27 ноември минатата година.

Иницијативата за поставување на спомен обележје во чест на Стефановски е на Македонската академија за науки и уменици.

Советот на Општина Центар ја прифати иницијативата и на вчерашната седница ја усвои измената на програмата за одбележување значајни настани, истакнати личности и маалски традиции со спомен обележја.

Поврзани новости