Поднесов приговор, ако Универзитетската комисија не го усвои ќе поднесам кривична против сите нив, рече Атанасов

by Fokus

Професорот и поранешен заменик-министер за образование и наука Петар Атанасов утрово поднел приговор до Универзитетската изборна комисија во врска со неговата одбиена кандидатура за ректор на УКИМ.

„Сите шест членови на Универзитетската изборна комисија доколку не го усвојат мојот приговор до сите нив ќе поднесам кривична пријава. Од едноставна причина, имам информации дека дел од службите на Ректоратот присуствувале на седниците на Комисијата и се мешале и влијаеле врз нивните одлуки“, рече Атанасов во изјава за „Утрински брифинг“. 

Пред два дена, како што рече, бил дисквалификуван од листата на кандидати за избор на ректор поради причини кои не се се ниту административни, а најмалку се академски.

Поврзани новости