Починаа 26 лица заразени со корона, 433 го победија вирусот

by Фокус
Во изминатото деноноќие, починати се 26 лица заразени со ковид 19. Притоа, седум пациенти се од Скопје (65, 50, 65, 72, 76, 60 и 80), двајца од Штип (64 и 50 ), еден од Прилеп (66), еден од Тетово (71), двајца од Струга (66 и 59), еден од Велес (68), двајца од Битола (55 и 57), тројца од Охрид (77, 63 и 80), еден од Кавадарци (71), еден од Гостивар (73), еден од Струмица (62), еден од Крива Паланка (57), двајца од Радовиш (82 и 72) и еден од Делчево (71). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Истовремено, Институтот за јавно здравје регистрира 433 оздравени пациенти: Скопје-207, Куманово-20, Штип-13, Прилеп-32, Тетово-42, Велес-11, Битола-19, Кавадарци-6, Гостивар-7, Гевгелија-13, Струмица-10, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-11, Пробиштип-4, Берово-5, Виница-4, Кратово-1, Свети Николе-7, Кичево-10, Ресен-1, Неготино-1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 42540, при што бројката на оздравени пациенти е 25.353, на починати е 1.212, а бројот на активни случаи изнесува 15.975.

Поврзани новости