Почина малата Јана, ја загуби битката со тешката болест

by Fokus

Малата Јана Здравевска од Велес ја загуби битката со немилосрдната болест.

Таа е родена на 25.07.2015 година и на едногодишна возраст и беше дијагностицирано AML (акутна миелоична леукемија).

На скопската Клиника за детска онкологија во Скопје по примена хемотерапија Јана ја совлада болеста, но по само 5 месеци истата се врати и Јана беше испратена на трансплатација на коскена срцевина во болницата Газиосман паша во Истанбул.

Трагичната вест ја соопшти нејзиниот татко.

„31.03.2018 Денот кога на твојата агонија и страдања им дојде крај, а нашата стана уште поголема. Денот што ќе го мразам додека сум жив. Денот кога престана да чука едно малечко срце со желба за живот кој му беше ускратен од една опака болест. Денот кога ми останаа милион прашања не одговорени, што имаше ти толку згрешено во твојот краток престој во овој суров свет па да бидеш волку неправедно казнета? Ти душо моја која беше полна живот но освен болници друго ништо не виде“ напиша на својот Фејсбук таткото на малата Јана.

Поврзани новости