Побегнале двајца затвореници од српски затвор

by Fokus

Двајца затвореници избегале од КПУ Пожаревац – Жабела.

Според првите информации, двајца осуденици вчера го напуштиле кругот на установата во која се сместени работните капацитети, искористувајќи го тоа што не биле обезбедени по завршувањето на обуката и враќањето на осудените во павилјоните.

Според неофицијални информации и двајцата се осудени за кражба, едниот на шест години, а другиот на три и пол години затвор.

Според Управата за извршување на кривични санкции, со вонреден увид ќе се утврдат околностите на настанот со што ќе се зголеми степенот на безбедност и во тој дел од затворот.
„Секој можен пропуст ќе биде најстрого санкциониран бидејќи извршниот систем го сочинуваат повеќе од 4.000 стручни лица кои одговорно ја вршат својата работа“, додаваат од Управата.

Поврзани новости