По половина час чекање на македонските граници

by fokus

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини.

На граничните премини Богородица и Дојран за излез од земјава и на Табановце за влез се чека околу 30 минути. На другите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

Поврзани новости