Според Иван Иванов, Македонија денес е иста како во 19-ти век: Гробот и го ископаа натрапници!

by Фокус

Синот единец на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Иван, изминатиов период станува се поактивен во јавноста со свои ставови за актуелната политичка состојба во земјава. Од неодамна вработен во Балканскиот интернационален универзитет, а од почетокот на годинава и семеен човек и татко на малиот Ѓорѓи кого го добија со сопругата Јана Кочова, Иван станува се погласен околу случувањата во земјава.

Се појави во неколку медиуми, каде ги сподели своите ставови за состојбата во која се наоѓа Македонија, промовираше стихозбирка, а се почесто и на социјалните мрежи ја критикува денешницата во која живее македонскиот народ. Последната негова објава на Манифестот на Привремената Влада на Македонија од 1881 година, привлече големо внимание на социјалните мрежи, а според Иванов, истото напишано во 1881 година, важи и за 2022 година.

-Туѓи и сомнителни народи сакаат да ја освојат нашата татковина и да го уништат нашиот народ, кој, блескајќи со таква светлина, никогаш нема да биде уништен. Нашата мајка Македонија стана како вдовица, осамотена и напуштена од нејзините синови. Не го вее знамето што го вееше победоносната македонска војска. Денеска е само географски поим. Како некој да се обидува да ја прикрие нејзината победоносна природа со прекривката на заборавот. Гробот ѝ го ископаа натрапници кои сноват низ нашата земја и ја троват со смртоносни отрови – го цитира тој Манифестот, кој завршува со зборовите Македонците да си го запомнат потеклото и да не се одрекуваат од него.

Промените кај младиот Иванов, кој од момче со долга коса, вљубеник во музиката, стана зрел маж, со модерен и елегантен стил, но и со актуелизирање на сериозни теми во своите јавни обраќања, уште еднаш ги подгреа гласините дека тој се подготвува да влезе во политиката.

Вики Клинчарова

Поврзани новости