По пет дена пронајдено исчезнатото дете во Кавадарци

by Fokus

Деветгодишното дете кое беше пријавено за исчезнато во полициската станица во Кавадарци на 9-ти април, вчера било пронајдено на улица, во добра состојба.

Според портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, момчето е пронајдено на улица ,,Димката Ангелот – Габерот” околу 12 часот, а потоа било предадено на вработените во Центарот за социјални работи – Кавадарци.

Инаку, детето е штитеник во Мал групен дом за деца во социјален ризик, и во минатото во повеќе наврати се оддалечувало од домот, по што било враќано назад.

Според СВР Велес, нема информации со кого било и каде престојувало момчето изминатите пет дена, и дали и за време на полицискиот час лутало низ улиците во градот.

В.К.

Поврзани новости