Попова: Ако се е по пропис, зошто шверцерски се тргна калдрмата и се гради бетонско здание од некогашната Менада?

by Fokus

Власта на шверцерски начин во ек на полициски час ја извади калдрмата од Старата скопска чаршија – симболот на Скопје. Без да ги праша скопјани, без да го праша еснафот, без да ги праша лицата кои живеат во непосредна близина на чаршијата, сама во стилот на авторитарна власт реши да руши во време на корона криза, реагира Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје.

-За власта ништо не е свето, ниту спомените на занаетчиите, старите скопјани, ниту пак на сите оние луѓе кои со години овде живеат и творат, а чаршијата им е неразделен дел од животот. Пред да бидат преземени било какви дејствија кои значат трајно менување на ликот на чаршијата, власта морала да спроведе јавна расправа. Оние кои што велеа дека ќе дебатираат за се, сега покажуваат дека не дебатираат за ништо, прават како што сакаат, без да ги прашаат граѓаните. Ваквото постапување отвора сомнеж дека владата и локалната самоуправа кријат нешто. Затоа ги повикуваме на јавен увид да ги достават сите документи и јавноста да се увери дали се гради по планот. Воедно додека корона профитерот Шилегов најавува дека ќе го руши Скопје 2014-та тука заедно со неговата централна власт руши плочник, а целата влада и инспекторот се неми пред градежната џунгла и здание што се гради кај некогашната Менада. И за ова Шилегов молчи, молчи и министерството за култура, вели Попова.

 

Поврзани новости