По налог на Богдановиќ инспектори „чешлаат“ три објекти во Центар, некои од проектот „Скопје 2014“

by Fokus

Новиот градоначалник на општина Центар Саша Богдановиќ, со усен налог испрати инспекција на три објекти: на приватен објект на Кале, приватниот објект позади стара „Томче софка“ и Градска куќа со хотелскиот комплекс, која порано беше во сопственост на Кондаминас, информираа од Општина Центар.

Инспекторите испитуваат дали сопствениците на објектот на Кале имаат одобрение за градба и неопходна документација. Кај објектот позади стара „Томче софка“, не е истакната задолжителната табла со податоци за инвеститор и одобрение за градење, што е спротивно на законот.

Од сопственикот и од инвеститорот на Градска куќа со хотелскиот комплекс, која е дел од проектот „Скопје 2014“, побарана е целосната документација.

Инспекторите врз основа на констатираната фактичка состојба ќе изготват решенија за натамошните постапки на општината.

Поврзани новости