ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја стопираше изградбата на автопатите, на клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’, на училиштата

by Fokus

СДС со катастрофалната и  расипничка политика  ја турка државата кон економски крах. Сите релевантни меѓународни институции како што е Светската Банка и ММФ проектираат црна слика за македонската економија само неколку месеци по доаѓањето на власт на СДС, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Поради погубната политика која што ја спроведува СДС со која што се стопираа сите капитални инвестиции кои ги започна ВМРО-ДПМНЕ македонската економија оди кон целосен колапс. СДС ја стопираше изградбата на автопатите, изградбата на клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’ во Скопје, како и изградбата на голем број училишта и градинки во сите општини во Македонија, со тоа придонесе за пад на градежната индустрија, а со тоа предизвика и пад на уште 25 индустриски гранки кои се тесно поврзани со неа – се наведува во партиското соопштение на партијата.

Поврзани новости