Пленковиќ, Јандроковиќ и Берош јавно се вакцинираа со „АстраЗенека“

by Fokus

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, претседателот на Саборот, Гордан Јандроковиќ, и министерот за здравство, Вили Берош, утринава во седиштето на владата во Загреб беа јавно вакцинирани со вакцината на „АстраЗенака“.

-Мислам дека беше испратена силна порака до медицинската наука и професијата, особено затоа што бевме вакцинирани со „АстраЗенека“, изјави Берош пред новинарите по вакцинацијата.

Тој изрази верување дека со вакцинирањето тие, исто така, ги охрабруваат граѓаните „да ги следат по патот на сузбивање на епидемијата и враќање во нормалниот живот“.

-Секој вакциниран поединец придонесува во заштитата на населението и е чекор поблиску до старата нормала, но и чекор поблизу до успешна туристичка сезона, истакна министерот.

Берош, Пленковиќ и Јандроковиќ го преболеа Ковид-19, па затоа не се вакцинираа во јануари, кога тоа го направија пред камерите хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, министрите и пратениците.

Поврзани новости