Петти ден кампања, партиите на терен, на социјалните мрежи „бомби“

by Frosina Fakova

Предизборната кампања за предвремните парламентрани избори на 15 јули се наоѓа на четвртина и додека политичките партии и коалициите со своите политички понуди се на терен, преку социјалните мрежи и медиуми се објавуваат нови „бомби“ и меѓусебни обвинувања.

На петтиот ден од 20-дневната изборна кампања, караванот на Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ ќе биде во Куманово и Свети Николе, додека Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „За обнова на Македонија“ изборните активности ќе ги претстави пред граѓани Новаци, Демир Хисар и Битола.

Предизборниот караван на политичката платформа Македонски концепт ќе биде присутен во Битола, Охрид, Струга и Кичево, а коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива во Маврово.

Партиите во текот на вчерашниот ден ги упатија пораките до граѓаните и побараа поддршка на претстојните избори.

Поврзани новости