Ролинг Стоунси до Трамп: Ќе те тужиме ако користиш наши песни во кампањата

by Frosina Fakova

Ролинг Стоунси го предупредија американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе го тужат ако продолжи да користи нивни песни на митинзи за време на кампањата.

Во соопштение на правниот тим на популарниот бенд се вели дека е воспоставена соработка со организацијата БМИ, што се занимава со заштита на авторските права, со цел да се запре неовластената употреба на нивната музика, јави Би-би-си.

БМИ, во име на Стоунси, го известила тимот на Трамп дека употребата на нивните песни без дозвола ќе биде кршење на договорот за лиценца и ќе биде предмет на правна постапка.

Трамп ја искористи песната „You Can’t Always Get What You Want “ за време на неодамнешниот изборен митинг во Тулса, Оклахома. Истата песна ја искористи и за време на кампањата во 2016 година.

Поврзани новости