Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 2,5 милијарди денари годишно во образование, наука и спорт

by Frosina Fakova

Заев и коалицијата СДСМ – Беса не нудат ништо освен порази, криминал и корупција и единствено на што се подготвени е да тргуваат со националното достоинство и со честа со угледот на луѓето, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната посета во Виница.

Мицкоски истакна дека во Проектот Обнова на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на термо енергетски фасади за граѓаните кои што половина ќе ги плати државата, бесплатен приклучок за гас за секое семејство за поздрава животна средина, но и најмалку 640 милиони евра субвенции за земјоделците во еден мандат и загарантиран откуп.

– Ќе има за секого по нешто. Реновирана болница, културен дом, училишта, еден денар во културата најмалку 800 милиони денари годишно од оние три денари акциза која што ги наметна оваа репресионистичка власт ќе бидат наменети за културата. 800 милиони денари за образованието 800 милиони денари годишно за спортот 2,5 милијарди денари за ова свето тројство образование наука и спорт годишно. Не парите во буџетот, а потоа во тендерите во четири очи. Во овие 360 страници ќе наидете на многу реконструирани канали за наводнување на нашите ниви, но и ќе наидете на нешто што ќе го врати нашето достоинство, изјави Мицкоски.

Во својот говор тој се осврна и на други случаи, како „Диво Насеље“, трагичната смрт на новинарот, Никола Младенов

„Немир, на дечињата, на оние јунаци кои животот го положија бранејќи ја државата во „Диво Насеље“. Немир во душите на родителите на Нешкоски, на Мартин Јанушев, на Кољо. До каде е случајот со новинарот Младенов? Каде е нивниот мир? Нивниот мир се претвори во немир. А немирот се претвори во револт, а револтот во пркос, одлучност и храброст. А со таа храброст, сиот овој револт и пркос ќе го видите и ќе се соочите на 15 јули кога ќе ги броиме ливчињата. Ќе ги почувствувате волјата и немирот на народот за сета лага којашто ја изговоривте“, рече Мицкоски.

Поврзани новости