Петков по повлекувањето на Трифонов: Нема да ми ги виткаат рацете!

by Fokus

Бугарскиот премиер Кирил Петков категорично одби да се потчини на уцените на Слави Трифонов, лидер на коалициската партија „Има таков народ“.

Половина час откако шоуменот Трифонов објави дека ги повлекува министрите од владата, Петков најави дека ќе води малцинска влада наместо „да дозволи да му ги виткаат рацете“.

– Подготвени сме за малцинска влада, но нема да потрошиме ниту лев без надзор.

Ова го истакна копретседателот на партијата „Продолжуваме со промените“ и премиер на Бугарија, Кирил Петков на прес-конференција.

Поврзани новости